Daimler во своите мотори користи најмалку 5 различни уреди за манипулирање со резултатите на тестирањата

Германскиот гигант Daimler може да биде строго казнет заради мамење при тестирањето на емисија на штетни гасови во нивните дизел мотори.

По забраната за употреба на спорниот 1.6-литарски дизел агрегат на Mercedes (вградуван во Vitо), новите сознанија укажуваат дека Daimler во своите мотори користи најмалку 5 различни уреди за манипулирање со резултатите на тестирањата. Оваа информација ја пренесоа повеќе германски дневни весници, повикувајќи се на извори од Германската федерална управа за сообраќај (КВА).

Истражителите на KBA пронашле 5 „илегални уреди на исклучување“ во неколку Euro 6 дизел агрегати на овој произведувач, кои се наоѓаат во најмалку милион возила. KBA смета дека дизел моторите на Daimler емитираат поголемо ниво на штетни гасови од што е дозволено со важечките прописи, а издувните системи на тие автомобили покажуваат манипулација со софтверот за контрола.

Mercedes-Benz ги отповика комерцијалните возила од моделот Vito во Германија заради илегалниот софтвер, истовремено вложувајќи жалба против наредбата на KBA, бидејќи смета дека тој софтвер не би требало да ја има поменатата класификација, што е оценето како манипулативен потег.
Сега очекуваме уште еден отповик – повеќе од 700.000 возила, воглавно C и G класа.

Доколку германските надлежни министерства го прогласат Daimler виновен за мамење на тестовите, казната би изнесувала околу 5.000 евра во автомобил. Илегалниот софтвер до сега е пронајден во повеќе од 750.000 единици, што значи дека произведувачот би требало да плати казна од околу 3,7 милијарди евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.