Дали би возеле кинеска електрична Isettа за 4.000 долари?

Eagle EG6330K2

Кинезите не престануваат да изненадуваат со нови модели, но и со копии на познати европски возила, а сега на ред дојде и електрична реинкарнација на BMW Isettа.

Компанијата Suzhou Eagle го прикажа моделот EG6330K, кој неодоливо потсетува на легендарното „јајце“ на BMW. За разлика од оригиналот има две врати повеќе и електропогон.

Eagle EG6330K

Eagle EG6330K е типично градско возило, погонувано од електричен агрегат со сила од 5,3кс, најголемата брзина му изнесува 60км/ч, додека со едно полнење на батериите поминува 120 километри.

Ова само 750 килограми тешко мини со четири седишта е долго 3300 милиметри, широко 1470, високо 1470 и има меѓуоскино растојание од 1940 милиметри.

Продажбата во Кина стартува наскоро, а неофицијално дознаваме дека цената ќе изнесува околу 4.000 американски долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.