Автомобилската безбедност значително напредуваше благодарение на бројни нови технологии, но кои модели се сепак најбезбедни?

Автомобилската безбедност значително напредуваше последниве години благодарение на бројни нови технологии за избегнување на судири.

Euro NCAP годинава воведе поостри тестови со акцент на заштита на останатите учесници во сообраќајот, пред се на пешаците. Независната агенција традиционално одбра автомобили кои по прашање на безбедноста се покажаа како лидери во класите.

Во категоријата мали фамилијарни автомобили како најбезбедно возило се покажа новата А класа на Mercedes.

Компактниот германски автомобил освои 96 од можни 100% бодови за заштита на возрасни патници, 91% за заштита на деца, 92% за пешачка заштита, како и 75% бодови во категоријата безбедносна опрема.

Lexus ES се покажа како најбезбеден голем фамилијарен автомобил. Јапонската лимузина заслужи 91% бодови за заштита на возрасни патници, 87% за детска заштита, 90% за заштита на пешаци и 77% бодови во категорија безбедносна опрема.

Во категоријата големи off-road возила како најбезбеден се покажа Hyundai Nexo. Овој кросовер доби 94% бодови за заштита на возрасни патници, 87% за заштита на деца, 67% за пешаци и 80% за безбедносна опрема.

Сите наведени возила, заради физичките закони, треба да се обсервираат исклучиво во границите на својата класа.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.