Како инспирација за оваа впечатлива креација послужи стилот на легендарниот класик BMW 2002 tii

ETA 02 Cabrio е креација на компанијата Everytimer Automobile и нивниот партнер VELA Performance, а како база на ова фантастично возило е земен BMW серија 1 Cabrio E88.

Everytimer Automobile за ETA 02 Cabrio наведува дека нивната цел беше со модерната автомобилска технологија да го искомбинираат стилот на легендарниот класик BMW 2002 tii.

Во план е да се понуди мала серија, а еден од понудените мотори е 6-цилиндраш со повеќе од 300кс.

Во делот од опремата, помеѓу останатото, спаѓаат и софистициран клима уред, навигација, седишта со греачи, Park Distance Control и би-ксенон предни светлосни единици.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.