Италијанскиот произведувач годинава ќе претстави суперавтомобил со хибриден V8 погон

Италијанскиот произведувач годинава ќе претстави суперавтомобил со хибриден V8 погон и тоа не како специјална верзија, туку сериски модел, а првите испораки ќе започнат од 2020 година.

Се очекува дека возилото, кое ќе биде промовирано на посебен настан, ќе биде поснажно од моделот 488 Pista кој има 711 коњски сили.

Директорот на Ferrari, Луј Камилери, најави нов модел на состанокот на инвеститорите на овој бренд, а неименуван „инсајдер“ открива дека во прашање е хибрид со V8 агрегат како основа.

Камилери рече дека потполно електрично Ferrari може да се очекува по 2022 година, но не сакаше да открива детали.

Пред да замине во „вечните ловишта“ директорот на FCA групацијата Серџо Маркионе најави дека компанијата работи на хибриден V8 погон, кој би требало да биде подготвен за оваа година.
Во меѓувреме, го очекуваме и првиот SUV на Ferrari.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.