На 31 мај Ferrari ќе претстави нов хиперавтомобил со врвна технологија

На 31 мај Ferrari ќе претстави нов хиперавтомобил со врвна технологија на посебен настан во Маранело.

Во официјалната покана е наведено дека се работи за хибридно придвижувано возило, со погонски склоп кој ќе развива монструозна сила од 1.000 кс.

Ferrari прецизира дека се работи за „top-of-the-line“ модел, кој во понудата ќе се смести над 812 Superfast. Во соопштението се наведува дека новиот Ferrari ќе може да се пофали со перформанси на хиперавтомобил, како и дека ќе биде „вистински убавец“.

Се шпекулира дека основата на погонскиот склоп ќе го сочинува V8 мотор, со дури три електрични мотори, а цената ќе се движи околу 600.000 евра.

За крај ќе додадеме дека очекуваме Ferrari да претстави барем уште еден хибриден модел и тоа V6.

Од Маранело е потврдено дека ќе претстави два новитети во септември и уште еден при крајот на годината.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.