Уникатниот Ferrari P80/C е направен по желби на анонимен купувач, долгогодишен колекционер и почитувач на овој бренд

Уникатниот Ferrari P80/C е направен по желби на анонимен купувач, долгогодишен колекционер и почитувач на овој бренд, а за развој на ова импресивно возило се потрошени повеќе од три години во Ferrari Styling Centre.

Во Хонг Конг, Ferrari го претстави својот најнов проект правен по нарачка. Станува збор за модел со сувопарна номенклатура P80/C, направен по желба на анонимен купувач, а стручњаците од Маранело се погрижиле проектот да биде технички беспрекорен.

Идејата била да се создаде модерен супер спортски тркачки модел, а како инспирација послужиле иконите од 60-те години – 330 P3/P4 и Dino 206 S.

Кога станува збор посебни модели правени по нарачка, токму за развојот на P80/C требало највише време, а се започнало во 2015 година.

Детално биле истражувани дизајнерските можности и врвните технолошки достигнувања, а бидејќи P80/C е наменет исклучиво за тркачка патека, логично е што токму перформансите се ставени на прво место.

Како подлога е искористен 488 GT3, а бидејќи е во прашање тркачки модел, дизајнерите имале повеќе слобода отколку кај останатите модели.

Така предните светлосни единици практично не постојат, а позади се истакнува масивниот спојлер и фиксниот дифузер, како на GT3 болидите.

Ferrari традиционално останува мистериозен кога станува збор за прецизните информации за моторот и перформансите, а цената засекогаш ќе остане непозната.

Сигурно е дека е повеќекратно поголема од најскапиот нов сериски Ferrari, кој се нуди во нивните салони.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.