Уникатен двосед, кој ги слави летните радости, направен по повод 60-годишнината на Fiat 500 Jolly

Уникатен двосед без кров е направен по повод 60-годишнината на Fiat 500 Jolly Spiaggina, специјално возило кое ги слави летните радости.

Кога веќе Fiat немаше доволно храброст да понуди поверна копија на оригиналното „баги“, тоа наместо него го направи Garage Italia со помош на Pininfarinа.

 

Исто како и кај оригиналот, кровната конструкција е целосно отстранета, а наместо задните седишта е поставен голем багажен простор, кој може да се трансформира и во вистинска мала туш кабина.

Во ентериерот доминира Foglizzo кожа, над главите на патниците е поставен заштитен лак.

Предниот ветробран едноставно не постои.

Екстериерот е фино вклопен во Azzurro Volare и Bianco Perla комбинација на бои, а тркалата се со номенклатура Fiat 500 Vintage 1957.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.