Американско-италијанскиот концерн се обидува да го блокира продавањето на теренскиот модел Mahindrа Roxor во САД

Групацијата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) се обидува да го блокира продавањето на Roxor теренскиот модел во САД.

Во жалбата поднесена на Комисијата за меѓународна трговија на САД, американско-италијанскиот концерн побарува да се истражи повредата на интелектуалната сопственот на брендот Jeep.

Спорот се води заради теренецот Mahindrа Roxor, кој неодоливо потсетува на оригиналниот Jeep, легендарниот Willys, при што Fiat Chrysler сака федералната агенција да го забрани производството, продажбата и увозот на ова возило во САД.

Капката која ја прели чашата беше подигнувањето на новиот производен погон на Mahindrа во Детроит, блиску до штабот на Fiat Chrysler, каде ќе се прави токму спорната копија на Jeep. Mahindra одговори со соопштение, во кое ги отфрла обвиненијата на FCA и потсети дека договорите им даваат право да го произведуваат и продаваат Roxor.

„Mahindra има историски односи и договори со FCA и нивните претходници веќе 70 години. Односите се воспоставени во 40-те години со првиот договор за Jeep Willys. Соработката опстанала до денес, вклучувајќи го и најновиот договор со Chrysler Group LLC од 2009 година.

Нашите акции, производи и дистрибуцијата на истите (вклучувајќи го и Roxor) го почитуваат нашиот договор со FCA“, порачаа од индиската компанија.

Mahindra Roxor е теренски двосед од „стара школа“, придвижуван од 2.5-литарски дизелаш, кој силата од 63кс ги пренесува на два или четири тркала. Базната цена за овој модел во САД изнесува 15.000 долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.