Неодамна објавивме дека Тиф Нидел и екипата се враќаат на тв екраните, а сега Discovery прецизираше дополнителен интел за овој славен автомобилски серијал

Неодамна објавивме дека Тиф Нидел и екипата се враќаат на телевизиските екраните, а сега Discovery прецизираше дополнителни информации за овој славен автомобилски серијал.

Подготвена за деби на шести септември, новата сезона на Fifth Gear повторно ќе ги соедини Џејсон Плато, Вики Батлер-Хендерсон, Џони Смит и се разбира, Тиф Нидел. Но, дрим тимот ќе биде засилен и со некои нови лица, како што е Џими Де Вил, екстремниот инженер, кој ќе ги претставува сегментите на автомобилите кои претрпеле различни модификации.

На групата ќе и се придружи и  поранешниот „Формула 1“ пилот Карун Чендхок, но и снукерската легенда и признатиот автомобилски лудак Рони О’Саливен. Чендхок ќе го внесе својот возачки талент во емисијата, додека Рони ќе биде задолжен за подигање на адреналинот на гледачите.

Новата сезона ќе биде поинаква и подинамична, а низ неа ќе продефилираат и голем број интересни автомобили, помеѓу кои ќе ги видиме и Alfa Romeo Guilia Quadrifoglio, Audi S5 Coupe, Bentley Continental GT и BMW M2. Тука ќе бидат и бројни компакти, вклучувајќи ги и Ford Fiesta ST, Honda Civic Type R и Seat Cupra R.

Луксузните и перформансните модели ќе бидат претставени во вид на Mercedes-AMG C63 S, Alpine A110, Porsche 718 Cayman, Range Rover Sport SVR и други.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.