Специјален модел направен за EAA AirVenture (Experimental Aircraft Association) манифестацијата, со светска премиера денес на Goodwood Festival od Speed 2018

Ford традиционално не ја пропушта EAA AirVenture (Experimental Aircraft Association) манифестацијата во САД, па по тој повод подготви специјален модел – Eagle Squadron Mustang GT.

Автомобилот е направен во чест на американските пилоти кои во Втората светска војна ја бранеа Велика Британија, пред САД да влезат во војна.

Токму заради ова, Ford Eagle Squadron Mustang GT денес ќе биде прикажан прво на Goodwood Festival of Speed во Британија, а потоа на 26 јули ќе може да се види и на EAA AirVenture манифестацијата.

Тука ќе биде продаден на аукција, а приходот ќе оди во добротворни цели.

Ford соопшти дека Eagle Squadron Mustang GT, помеѓу останатото, доби и модификуван 5.0-литарски V8 со 700кс, импресивна авијатичарска графика на екстериерот по пример на онаа од легендарниот Spitfire од Втората светска војна, RTR wide-body кит, нови тркала и пневматици, како и Tactical Performance пакет за навалување.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.