Како да направите добра зделка со колекционерски автомобил, а да не „заглавите“?

Произведувачите на лимитираните серии на ексклузивни автомобили имаат договор со купувачот, по кој сопственикот на возилото не смее да го продаде пред истекот на одреден рок.

Ова е воспоставена пракса, а кршењето на овој договор повлекува судска тужба и големи казни.

Со вакви договори, произведувачите го обезбедуваат ексклузивитетот на својот производ и одредено дискреционо право на кого воопшто би можел да се продаде автомобилот, со што се обезбедува и оправдува високата цена.

Меѓутоа, во трката за брзата заработувачка некои луѓе не ги почитуваат овие договори.

Токму ова го има направено Џон Цена, борач и актер, кој својот Ford GT веднаш по преземањето го понудил на продажба, а Ford веднаш го тужел алчниот сопственик и бара отштета од 500.000 долари заради кршење на договорот.

Цена во својот купопродажен договор има клаузула по која не смее да го продава возилото пред истекот од две години.

Ford GT е ексклузивен спортски двосед, своевиден омаж на легендарниот модел GT 40, повеќекратниот победник на Ле Ман, кој се произведува во ограничен број на примероци.

Основната цена му е околу 450.000 долари.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.