Shelby GR-1 претставен како атрактивен концепт во 2005 година, конечно започнува со сериско производство

Иако имаше интерес за Ford Shelby GR-1 концептот, за жал никогаш сериозно не се размислуваше за неговото сериско производство. Сепак, калифорниската компанија Superformance се одлучи за овој автомобил.

Станува збор за фирма која воглавно изработува лиценцирани ретро автомобили, така не е чудо што токму овој „напуштен“ автомобил го обсервира како свој проект.

Гаранција дека ќе биде добар производ е фактот што Superformance се здружил со Shelby American, како деталите на ова возило би можеле да се доведат до перфекција.

Концептот GR-1 е направен во чест на купето Cobra Daytona, а Superformance ќе го оживее со две верзии – една бензинска и една електрична.

„На овој проект со Ford работам шест години. Првично кажавме дека го сакаме GR-1 и тогаш разговаравме со сите, а тие ни одговорија дека од тоа нема ништо. Можевме да направиме реплика, но тоа не е доволно добро.

Сакавме лиценца од оригиналниот произведувач за да имаме кредибилитет. Подоцна, коцкичките се поклопија“, изјави директорот на Superformance, Ленс Стендер.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.