Официјална светска премиера на Peugeot 508 II

88. Geneva International Motor Show, 05.03.2018, Palexpo - Guido ten Brink / SB-Medien

Во ерата на светската доминација на SUV/кросовер моделите, францускиот произведувач храбро понуди лимузина од Д сегментот мајсторски конципирана со иновативни и атрактивни решенија.

Сега можеме дефинитивно да констатираме дека Peugeot се враќа на старите патеки на славата, поставени од врвно атрактивните модели 404, 504, 406, 407 и други, најубавите седани на пазарот, сериозно стремејќи се кон премиум сегментот.

Ознаката на моделот е ставена над лавот на Peugeot, што претставува омаж на легендарниот 504.

88. Geneva International Motor Show, 05.03.2018, Palexpo - Guido ten Brink / SB-Medien

Новиот 508 е за 80 милиметри пократок од претходникот, а пократко е и меѓуоскиното растојание, кое сега изнесува 2.750мм. Впечатокот за спортска лимузина ја дополнува намалената висина за 60 милиметри, додека багажниот простор на новата верзија е зголемен од 473 на 485 литри.

Новата 508-ка е направена на EMP2 платформата, која овозможува намалување на тежината (-70 килограми) во однос на претходникот, повеќе пространост и комфор во ентериерот, со квалитетни материјали, богата опрема и секако i-Cockpit.

88. Geneva International Motor Show, 05.03.2018, Palexpo - Guido ten Brink / SB-Medien

Доказ дека ова не е само уште еден седан сведочи и импресивната конструкцијата на вратите, кои како кај купе моделите, немаат рамка на прозорците. Од друга страна, Peugeot ја унапреди функционалноста на целото возило во воведување на пета врата на багажникот.

На купувачите ќе им бидат на располагање 5 верзии на агрегати – два 1.6-литарски бензинци и три дизелаши од 1.5 и 2.0 литри. Послабиот бензинец развива 180кс, а појакиот за GT варијантата има 225кс.

Основниот дизелаш испорачува 130кс, средниот по сила 160, додека најјакиот 180кс.

Моторите можат да бидат поврзани со мануелен менувач со 6 брзини или со 8-степен автоматик.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.