Новиот Stratos е базиран врз скратена платформа на Ferrari F430 Scuderia, од кој е позајмен и 4.3-литарскиот V8 мотор

manifattura-automobili-torino

Зад проектот на реинкарнацијата на легендарниот модел Stratos, кој своевремено Lancia го имаше направено првостепено заради учеството на Светскиот рели шампионат, стојат компаниите Manifattura Automobili Torino и New Stratos Gbr.

Додека автомобилската групација FCA (Fiat Chrysler Automobiles) се бави со вложување во Alfa Romeo и Maserati, Lancia е заборавена. Актуелната продукција на една од најстарите и најпознатите автомобилски компании во светот е сведена само на моделот Ypsilon, па и тој се продава исклучиво во Италија.

Доколку се потсетиме на славното минато на Lanciа, нема никакво логично објаснување за одлуката донесена од страна на управувачките структури на FCA.

По концептната верзија, која беше претставена уште 2010 година, од компаниите Manifattura Automobili Torino и New Stratos Gbr пристигнува потврда за 25 примероци со номенклатура New Stratos (не смее да се вика Lancia), а со својот концепт и многубројни детали неодоливо ќе потсетува на оригиналниот двосед кој Lancia го произведуваше од 1973 до 1978 година.

Новиот Stratos е базиран врз скратена платформа на Ferrari F430 Scuderia, од кој е позајмен и 4.3-литарскиот V8 мотор.

Клучните луѓе на проектот најавуваат дека централно поставениот мотор ќе нуди повеќе од 550кс, што заедно со малата маса на возилото и адекватното ослонување ќе нуди на возачот на New Stratos уникатно искуство, какво денес не може да понуди ниту еден суперспортски автомобил.

Покрај друмскиот модел New Stratos, споменатите компании потпишале договор спрема кој ќе бидат продуцирани и верзии за rally-raid и за кружни трки.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.