Заедно со стандардната верзија на новиот 508, Peugeot ја прикажува и специјалната Прва Едиција на овој модел

nuova-peugeot-508 (1)

Заедно со стандардната верзија на новиот 508, Peugeot ја прикажува и специјалната Прва Едиција на овој прекрасен модел.

Како база за 508 First Edition послужил 508 GT, при што купувачите ќе можат да одбираат помеѓу Ultimate Red или Dark Blue боја на екстериерот, двобојни алу тркала и богато опремен ентериер – алкантара, црна кожа, дрво, хромирани детали, First Edition прагови и алуминиумски педали.

nuova-peugeot-508 (2)

Во опремата на овој луксузен модел на специјална лимитирана серија, помеѓу останатото, спаѓаат и целосни лед предни светлосни единици, Night Vision систем, Focal музички систем со бежични слушалки, како и 3Д навигација на 10-инчен екран чувствителен на допир.

Во гамата 508 First Edition модели ќе бидат бензински мотор со 225кс и дизелаш со 180кс, двата во пар со 8-степена автоматика.

Францускиот лав прецизира дека 508 First Edition ќе биде достапен во ограничен број на примероци, може да се резервира преку интернет во 12 европски земји, а испораката стартува во октомври месец.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.