Под светлата на рефлекторите блесна руската претседателска лимузина во неколку „цивилни“ верзии

По изложувањето на московскиот Автосалон, луксузниот руски модел Aurus Senat пристигна и во Женева, но овој пат во неколку различни верзии.

Самата грандиозна појава на Aurus Senat предизвикува сензација, каде и да се појави.

Aurus Senat, веќе на прв поглед открива дека неговиот најголем идол е Rolls Royce, а настанат е како дел од проектот „Кортеж“, во рамка на кој е развиена и новата претседателска лимузина на Владимир Путин.

По иницијатива токму на рускиот претседател Путин покренат е споменатиот проект „Кортеж“, кој истовремено предложи на пазарот да се пласира цела линија на нови домашни луксузни лимузини, MPV модели и теренци.

Со плановите е предвидено за Путин да се изработи специјална претседателска лимузина, но истовремено да се развие и линија на службени возила за високи државни функционери, вклучувајќи и миниван и SUV модели.

Дел од производството би бил достапен на купувачите во Русија и би одел во извоз.

Во Женева се изложени Senat Sedan и суперлуксузниот продолжен Senat Limousine во неколку варијанти, слични на рускиот претседателски автомобил:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.