Првиот компактен SUV на марката е една од најголемите ѕвезди во Женева

Италијаните најавуваа големо изненадување за женевскиот Автосалон, а тие најави и ги остварија.

Станува збор за концептен компактен SUV, кој токму како и Stelvio е наречен по еден планински превој во северна Италија – Tonale.

Дизајнерските линии на каросеријата се многу динамични и чисти, додека на предниот дел доминира типична Scudetto маска во облик на срце со карактеристични светла во Trilobo графика.

Задните светлосни единици се исто така специфични, со посебна светлосна графика, за која од Alfа велат дека потсетува на рачно пишан потпис.

Со бандажите од 21 цоли заокружена е, на око многу пријатната надворешност, на овој компактен SUV.

Во кабината се е подредено на возачкото задоволство.

Користените материјали се од најфин вид – алуминиум, кожа и алкантара, атмосферата ја вжештуваат фантастичните проѕирни панели со позадинско осветлување и дигитализацијата.

Интересно е и тоа што infotainment системот има две нови функции – Alfista и Paddock.

Првиот е опишан како вистинско Alfa Romeо доживување, кој пружа поврзаност со клубовите и собирите на фановите на оваа марка, додека Paddock ги нуди сите новости и можност за надоградба на возилото и расположивите асесоари.

Што се однесува до моторот, Tonale концептот е plug-in хибрид, значи комбинација на бензинец и електромотор, со неколку возачки модови.

Natural е автоматска хибридна поставка, Dynamic го нуди максимумот на двата погони, а на располагање е и потполно електричен мод.

Со притискање на командата E-mozione, сите поставки од управувањето, до реакциите на погонот и сопирачките ќе реагираат поостро.

Кога и ако Tonale влезе во сериско производство, BMW X1 и Audi Q3 ќе имаат жестока конкуренција.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.