Најновиот бисер на Ferrari, жестокиот наследник на 488 GTB, доминира на нивниот штанд

Италијанскиот произведувач на публиката во Женева го претстави новиот F8 Tributo, кој во гамата го менува 488 GTB, а кој пак во 2015 го наследи Ferrari 458 Italia.

F8 Tributo е погонуван од најмоќниот V8 мотор во историјата на Ferrari, кој до сега беше достапен само во жестокиот 488 Pista.

Со 720 кс кои ги испорачува при 8.000 в/мин и 770 Нм достапни веќе од 3.250 в/мин, 3.9-литарскиот V8 на новиот модел е посилен од моторот на 488 GTB за 50 коњски сили, додека максималниот вртежен момент е поголем за 10 Нм.

Преведено во перформанси Ferrari F8 Tributo од 0-100 км/ч забрзува за 2,9 секунди (0,1с побрз од 488 GTB), додека за постигнување брзина од 200 км/ч му се потребни 7,8 секунди (0,5с побрз од Ferrari 488 GTB).

Максималната брзина изнесува 340 км/ч.

Освен унапредувањата на полето на моторизацијата, инженерите и дизајнерите на Ferrari успеале и да ја намалат масата на возилото, па F8 Tributo со своите 1.330 килограми е полесен за 40 килограми од својот претходник, а одговорните прецизираат дека новиот модел има за 10% подобри аеродинамички карактеристики.

Дизајнот е променет во однос на претходникот, а поедини стилски детали претставуваат посвета на одредени модели од славната историја на компанијата на Маранело – како што се 308 GTB или F40, од кои е преземен дизајнот на провидниот моторен капак, тркалезните штопови и друго.

Модернизирана е и внатрешноста, тука е сега новиот волан, атрактивни вентилациони отвори со кружен облик, а новина е и 7-инчниот екран осетлив на допир, кој сега се наоѓа на делот на таблата пред совозачот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.