Помеѓу бројните новитети во Женева особено се издвојува новиот атрактивен модел на малата италијанска фирма Puritalia Automobili

Помеѓу бројните новитети на Автосалонот во Женева особено се издвојува новиот модел на малата италијанска фирма Puritalia Automobili – Puritalia Berlinetta.

Puritalia Berlinetta е атрактивно спортско купе, кое ќе биде произведено во ограничена серија од само 15 единици, со извонреден дизајн инспириран од класичните италијански спортисти од 50-те и 60-те години на минатиот век.

Убавата Berlinetta е долга 450 сантиметри, широка 196 и восиока 128 см, додека тежината изнесува 1.410 килограми.

Суперспортистот има хибриден погонски систем, со комбинација од 5.0-литарски V8 бензинец со 750 кс и 878 Нм и електромотор со 215 кс и 370 Нм.

Вкупната сила е импресивна – 965 кс и 1.248 Нм, а се пренесува на подлога со 7-степен секвенционален менувач.

Забрзувањето од место до брзина од 100 км/ч трае само 2,7 секунди, до 200 км/ч е потребно само 7,2 секунди, а најголемата брзина изнесува 335 км/ч.

Во веста се наведува дека Puritalia Berlinetta има лесна каросерија од јаглеродни влакна и титаниумски издувен систем, како и launch control систем.

Уште еден импресивен податок за ова возило е неговата цена – 465.000 евра.

Повеќе вести од денес тука

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.