Спектакуларен старт во Лондон имаше 20-то издание на Gumball 3000

Во Лондон спектакуларен старт имаше 20-то издание на Gumball 3000 и тоа со дури 150 ексклузивни суперавтомобили.

Пропратен со овации од илјадници луѓе, конвојот од Ковент Гарден тргна кон својата прва станица – дворецот Шантили во Франција.

Ова издание е уште еден доказ дека GUMBALL 3000 е најскапото, најексклузивното и најпознатото друмско рели на светот, преполно со ретки, импресивни и специјално подготвени возила.

Lexus LFA, Ferrari 812 Superfast, Lamborghini Murcielago SV, редок примерок на Ferrari 288 GTO направен за натпреварувањата во легендарната Група Б, кој е воедно и првиот друмски автомобил кој постигнуваше брзина поголема од 300км/ч, Porsche GT2 RS, Dodge Challenger SRT Demon Hennessey со 1.035 коњски сили, се само некои од моделите кое неделава ќе палат и ќе жарат низ Европа и Јапонија.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.