Германскиот тјунер Hofele се погрижи за една врвно атрактивна креација

Германскиот тјунер Hofele се погрижи за една врвно атрактивна креација, базирана врз S класата на Mercedes.

Hofele Mercedes Ultimate S е следен, уште полуксузен левел на класата S, која тука се истакнува со упадлива предна маска, инспирирана од Maybach.

Двобојниот екстериер е внимателно дотеран да биде по вкус на шеици и махараџи – Obsidian Black и Tiffany Gold комбинација на бои, со високо квалитетни хромирани детали.

Посебните тркала се во сребрена боја, ентериерот е кожен во три бои, седиштата се со меморија и масажни функции, а тука е и амбиенталното осветлување, премиум музички систем и друго.

Во кратката вест не се споменува евентуалното засилување на моторот, а информацијата за цената е намерно изоставена.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.