Paramount Network објави дека работи на документарен филм, кој ќе го следи животот на славниот актер од неговите сами почетоци, преку напредокот и славата, се до трагичниот крај

paul-walker-fast-and-furious-supra

Неочекуваната смрт на ѕвездата на серијалот Fast and Furious, Пол Вокер, ги остави автомобилските ентузијасти и филмските фанови во шок и тага пред пет години.

Paramount Network сега објави дека работи на документарен филм, кој ќе го следи животот на познатиот актер од неговите сами почетоци, преку напредувањето и славата, се до ненадејната смрт.

Премиерата е закажана за лето 2018 година, а режисер и копродуцент се Derik Murray и Adrian Buitenhuis. Документарецот ќе биде проткаен и со интервјуа на самиот Вокер и на неговите колеги од филмовите, а ќе биде прикажана и неговата страст за водениот живот.

20.paul_.walker.fast_.furious.6.2013.

Пол Вокер замина во легендите на 30 ноември 2013 година во 40-тата година на животот, како совозач во Porsche Carrera GT. Во времето на смрта, Вокер го снимаше Fast and Furious 7.

По повеќе тужби против автомобилскиот произведувач, Porsche е ослободен од секоја вина, а ќерката на Пол доби 10,1 милиони долари заоставштина од Пол Родас, човекот кој го управуваше возилото.

Потполната листа на улоги во филмот и повеќе детали ќе објавиме во следниве месеци.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.