Луксембуршката управа за тестирање и стандардизација (ILNAS) ги тестираше Tesla Model S и Volvo S90 пред претставниците на медиумите

Автоматското итно сопирање забрзано станува стандарден дел од безбедносните системи на современите автомобили и облигаторен дел од безбедносните тестирања.

Луксембуршката управа за тестирање и стандардизација (ILNAS) токму ова го тестираше на автомобилите Tesla Model S и Volvo S90, пред претставниците на медиумите.

Меѓутоа, иако Tesla се самопропагира дека неговиот заштитен знак е врвната технологија, нивниот Model S не само што не го помина овој тест, туку и удри во бариера при брзина од само 30км/ч.

Од друга страна, Volvo S90 успеа да сопре на време и тоа при брзина од 60км/ч.

Претставниците на Teslа лаконски одговорија дека ќе поведат истрага.

Model S од 2015 година е опремен со првата генерација на „автопилот“ системот за напојување на автоматската функција на итно сопирање.

Иако во упатството за употреба на ова возило се наведува дека сопирањето во случај на нужда е дизајнирано така да автоматски ги активира сопирачките за да се избегне/намали фронталниот судир со препрека, во продолжението контрадикторно се вели дека возачот никогаш не би требало да се ослонува на оваа функција за да го одбегне судирот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.