На последниот московски Автосалон помеѓу бројните новитети на најголемиот руски авто произведувач немаше (потреба да има) обновен модел на Lada Largus

На последниот московски Автосалон помеѓу бројните новитети на најголемиот руски авто произведувач немаше обновен модел на Lada Largus.

Се поставува логичното прашање зошто?

Редизајнот на Largus долго се најавува, со обзир на тоа дека станува збор за автомобил претставен во 2012 година, попрецизно откриен уште пред 12 години со оригиналната значка и име – Dacia Logan MCV.

Сепак, Yves Karakatzanis од AvtoVAZ вели дека нема потреба за дотерување, бидејќи овој модел е и оваа година еден од бестселерите на огромниот руски пазар со пораст на продажба од импресивни 47%.

Во што е тајната на Largus?

Најважно пред се е дека станува збор за доверлив автомобил, развиен од Renault, кој нуди раскошно многу простор, како кај патничката Universal верзија, така и кај товарниот Van.

Станува збор за 135 литри багажник со конфигурација од 7 седишта, 560 литри на 5-сед, односно 2.350 литри со користење само на возачкото и совозачкото седиште.

Пред четири години AvtoVAZ ја надополни понудата со crossover верзија Lada Largus Cross, а во текот на 2016 и 2017 година 1.6-литарските мотори на Renault се заменети со Ladа 1.6 агрегати од 87 и 106 кс.

Како шлаг на торта е исклучително поволната цена, бидејќи лиценцата за шасијата, деловите и склоповите се платени компензационо 220 милиони евра, па затоа не чуди што основниот модел Lada Largus Universal чини 515 илјади рубљи, односно само 6.700 евра.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.