Ова е, најверојатно, најдобрата Lada 4×4 во историјата

Иако душегрижниците долго и најавуваат крај, легендарната Lada му пркоси на времето и повеќе од 40 години успева да го пронајде патот до милиони возачи ширум светот.

Lada 4×4, како сега официјално се нарекува култниот модел бидејќи името Niva го презеде теренецот кој AvtoVAZ го прави во кооперација со General Motors, во својата последна еволуција ја доби најдобрата верзија во својата историја.

Александар Гончаров од Русија детално ја преработи својата Lada 4×4, унапредувајќи ја во нешто импресивно.

Надворешните измени се релативно децентни – вградени се ЛЕД светлосни единици на двата краја на возилото, додека во внатрешноста доминира модерен infotainment систем со екран осетлив на допир, како и старт-стоп копче за придвижување на моторот, наместо класичната контакт клуч брава.

Но, најголемата промена се наоѓа под хаубата.

На стандарниот 1.7-литарски 8-вентилски мотор на Ladа Гончаров вградил голем турбо полнач, со кој силата ја подигнал на 200 кс. Секако, ова било проследено со соодветен зафат и на сопирачките, навалувањето, изолацијата и друго.

Резултатот е, најверојатно, најдобрата Lada 4×4 во историјата:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.