Vestа Sport ја претставивме пред две години, кога на Автосалонот во Москва се појави како концепт, а сега конечно пред нас е и сериската верзија

Lada Vestа Sport ја претставивме пред две години, кога на Автосалонот во Москва се појави како концепт, а сега конечно пред нас е и сериската верзија.

Под хаубата е поставен 1.8-литарски мотор засилен од 122кс и 170Нм на 145кс и 187Нм, во пар со 5-степен мануелен менувач.

Забрзувањето од место до брзина од 100км/ч изнесува 9,6 секунди, додека најголемата брзина изнесува 198км/ч.

Благодарение на аеро боди пакетот, во кој се вклучени и дотерани браници, нови прагови, заден спојлер и друго, возилото е сега подолго и пошироко за 10 милиметри, а височината е намалена од 1497 на 1478мм.

Исто така, Lada Vesta Sport со своите 1211 килограми е полесна од стандардната Lada Vesta 1.8, која има 1230, а има и поширока трага на тркалата.

Во пакетот спаѓаат и модифицирано ослонување, црвени спортски детали, сет на нови алуминиумски тркала од 17 инчи (18 опционо), посилни сопирачки, подиректно управување, спортски издувен систем, како и модификуван ентериер со спортски седишта и кожен волан.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.