Lamborghini Miura е икона и без сомнеж, прв супер автомобил на светот, а малку ентузијасти знаат дека постои и Roadster

LamboCARS photography

Со официјална номенклатура Lamborghini Miura P400 Roadster, возилото дебитирало на Автосалонот во Брисел 1968 година.

Освен што нема покрив, Roadster поседува каросерија редизајнирана од Bertone. Елегантното возило има пониска линија на кровот, големи странични отвори за воздух и V12 агрегат со 394кс.

miura_roadster12

Уникатното возило менувало сопственици неколку пати, за потоа да заврши кај Адам Гордон, кој го реставрирал по оригиналните спецификации од 1968 година.

Целиот процес чинел 280.000 евра.

miura_roadster10

Во 2008 година Lamborghini Miura P400 Roadster е повторно продаден, а моментално негова цена се проценува на 8 милиони евра.

Причината заради која Lamborghini не се одлучил за сериското производство на ова извонредно возило е и денес мистерија, како и моменталната локација на автомобилот.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.