Lamborghini го претстави уникатниот дијамант SC18 Alston

Lamborghini во Италија го претстави уникатниот SC18 Alston базиран врз Aventador SVJ.
SC18 Alston настана по нарачка на богат и неименуван клиент, а претставува плод на соработка на Lamborghini Style центарот и нивното моторспорт одделение Squadra Corsа.

Уникатниот дијамант SC18 Alston го придвижува познатиот 6.5-литарски V12 агрегат со 770 кс и 720 Нм, со 7-степен ISR менувач и погон на сите тркала.

Најголемите унапредувања во однос на Aventador SVJ се извршени на аеродинамичкиот пакет и подготовката на возилото за тркачка патека, со тоа што сепак може да се вози и на „цивилни“ патишта, а се одликува и со помала тежина од SVJ.

Lamborghini SC18 Alston е во феноменална Grigio Daytona боја, а особена атракција се црвените детали на каросеријата. Клиренсот изнесува само 109 милиметри, вози на црни фелни од 20 и 21 инчи, „облечени“ во тркачки Pirelli пневматици.

На атрактивната каросерија особено се истакнуваат елементи од јаглеродни влакна, кои користат концепти развиени и тестирани на тркачките модели на Lamborghini, се приметуваат бројни отвори за воздух, голем заден спојлер, упадлив заден дифузер и друго.

Во ентериерот доминираат тркачките седишта од лесни легури, Nero Ade алкантара и Rosso Alala шевови.

Сумата која анонимниот мераклија ја платил за ова импресивно возило, направено по негови желби и спецификации, се држи во тајност.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.