Во својата богата историја Lancia произведуваше легендарни автомобили

Во својата богата историја Lancia произведуваше легендарни автомобили – класичната Aurelia, жестоките рели машини Delta Integrale, суперавтомобилот Stratos и други.

Линијата Thema можеби не е прворангирана, но меѓу овие модели има еден вистински брилијантен „слипер“.

Бројот 8 во номенклатурата е број на цилиндрите, а 32 е број на вентилите во моторот, кој на оваа италијанска лаѓа го дарувал Ferrari 308.

Фамилијарниот седан од средна големина базиран е на идентична архитектура како и Fiat Croma, Alfa Romeo 164 и Saab 9000.

Lancia Thema има стилска каросерија креирана од Italdesign, додека караван варијантата ја стилизираше Пининфарина лично. V8 моторот од Ferrari 308 бил рекалибриран, за да може да ги обавува своите нови должности и развивал „само“ 212кс и 285Nm вртежен момент.

Ова можеби не делува многу по денешните стандарди, но заради споредба ќе споменеме дека тогашната 964 генерација на Porsche 911, која на пазарот пристигнала една година по 8.32, располагала со 247кс и 229Nm.

Ова било сосема доволно да ја катапултира Thema 8.32 од место до стотка за 6,8 секунди и да обезбеди максимална брзина од 240км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.