На женевскиот Автосалон Peugeot ја претстави новата генерација на харизматичниот 508, а сега дознаваме дека во подготовка е уште посилна верзија на оваа прекрасна лимузина

2018-peugeot-508-gt

На женевскиот Автосалон Peugeot ја претстави новата генерација на харизматичниот 508, а сега дознаваме дека во подготовка е најсилната верзија на оваа прекрасна лимузина.

Попрецизно, презентираниот 1.6 мотор од 225кс би требало да ја придвижува GT верзијата, а францускиот L’argus најавува дека Peugeot во новата 508-ка ќе го вградува и моторот од 308 GTi.

peugeot-508-2202styp-118.378174.20-bear.386833.20

Тоа значи, 1.6 турбо со 270кс и веројатно ознака GTi, додека по други извори овој модел ќе се нарекува Ti – по примерот на 504 Ti.

Заедно со трансплантацијата на „срцето“, на најмоќната 508-ка ќе и биде модификувано и потпирањето, сопирачкиот и управувачкиот систем. Исто така, очекуваме и доработка на стајлингот, односно аеро пакетот.

peugeot-new-508-header.381198.11

Новата спортска верзија би можела да биде претставена на есен во Париз, а на купувачите би требало да биде достапна на почетокот на следната година.

Набргу потоа, понудата на 508 ќе биде проширена и со хибридна верзија, комбинација на 1.6-литарски турбо бензинец и електричен мотор со сила од околу 220кс.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.