По официјалната најава за Ferrari хибрид, истото го направи и Lamborghini

По неколку најави за сериско хибридно возило, конечно од Lamborghini имаме конкретна информација дека автомобил со ваква технологија ќе биде претставен оваа есен на франкфуртскиот Автосалон.

Federico Foschini, комерцијалниот директор на Lamborghini, ни открива дека станува збор за нов модел, чиј развој се води под кодна ознака LB48H. Федерико понатаму прецизира дека хибридот ќе биде произведен во ограничена серија (за разлика од конкурентскиот модел на Ferrari), односно дека се работи за посебна верзија, слична на Centenario, Reventon и Veneno.

Производството ќе биде ексклузивно ограничено на само 63 единици, што ќе асоцира на фактот дека Lamborghini е основан во 1963.

Информациите упатуваат на фактот дека значително влијание на дизајнот на новиот Lamborghini ќе има фантастичната студија Terzo Millennio (на сликите).

За сега не се знае кој модел ќе ја донира платформата, но ние типуваме на Aventador, а основата на хибридниот склоп во тој случај би ја сочинувал познатиот 6.5-литарски V12 во пар со електромотор.

Некои од гласините упатуваат на комбинирана сила од околу 850 кс, што заедно со релативно малата маса и одличните аеродинамични карактеристики овој автомобил со погон на сите четири тркала би требало да го произведе во возило со врвни возачки перформанси.

Фоскини изјави дека овој автомобил ќе биде претставен во Франкфурт, но „заедно со едно друго изненадување“.

На мнение сме дека вториот модел би можел да биде plug-in хибриден Urus.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.