Претставувањето на тјунерската верзија на познатиот класик предизвика огромен интерес и вистинска лавина на урнебесни реакции на автоентузијасти ширум светот

liberty-walk-lamborghini-miura-debuts-in-tokyo-purists-cry-styling-sepuku_2

Јапонскиот тјунер Liberty Walk буквално го излуде светот со своите брутални креации на проширени супер спортски автомобили.

При тоа, најчесто нивните проекти се врзани со модерни креации на Lamborghini, Ferrari, Nissan и BMW.

Фактот што до сега не се занимаваа со класици се испостави како погрешна стратегија, бидејќи претставувањето на нивното видување на Lamborghini Miura на токискиот Автосалон предизвика голем интерес и вистинска лавина на урнебесни реакции на автоентузијастите ширум светот.

Lamborghini-Miura-Liberty-Walk-Widebody-5

Интересна е шареноликоста и дијапазонот на реакциите – од многу гласно негодување, па дури и гадење на пуристите, па се до максимално афирмативно одобрување на посовремените ентузијасти.

Редакцијата на „Високи Октани“ нема да заземе страна во оваа ситуација, туку ќе прецизираме дека сепак не станува збор за оригинална Miura (ниту една од само 764 произведени).

Јапонскиот тјунер направил реплика, која се базира на Ford GT40 реплика. Значи, станува збор за италијанска реплика, базирана на американска реплика изработена во Јапонија.

Уживајте во импресивниот штанд на Liberty Walk:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.