Со максимална брзина од дури 322км/ч побрз е дури и од Lamborghini Urus

Иако можеби на прва помисливте дека станува збор за Jaguar F-Pace, се работи за проект потпишан од британскиот автомобилски произведувач Lister.

Службеното име на моделот е LFP, а од компанијата истакнуваат дека нивното возило ќе го посрами дури и F-Pace SVR.

Имено, под хаубата се кријат жестоки 670кс, кои овозможуваат максимална брзина од 322км/ч, со што Lister LFP се промовира како најбрз SUV на пазарот.

Доколку по читањето на овој податок првата мисла ви била дека неодамна претставениот Lamborghini Urus е побрз, одговорот е – не.

Lamborghini Urus, по наводите на произведувачот, постигнува максимални 305км/ч, што е за 15км/ч помалку од Lister.

За овој супер SUV како подлога е земен споменатиот F-Pace SVR, а 5.0-литарскиот V8 со supercharger од сериски 542кс е „напукан“ на 670кс.

Британскиот произведувач се погрижил и безбедноста да ја подигне на повисоко ниво, па така за сопирање на овој болид се грижат нови карбон-керамички сопирачки.

За потполниот визуелен впечаток се задолжени нови бандажи и каросериски проширувања, а целиот проект сигурно нема да биде ефтин.

Lister веќе претстави сличен проект врзан со F-Type SVR, цената на доработките беа поприлични 27.000 фунти, а во овој случај веруваме дека доплатата ќе биде поголема.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.