Во Британија започна фамозниот Фестивал на брзината, кој во живо можете да го следите преку линк на нашата страница

Традиционално, веќе 25-та година по ред, во Британија започна фамозниот Goodwood Festival of Speed, кој во живо можете да го следите преку нашиот линк.

Во Велика Британија започна јубилејниот 25-ти Goodwood Festival of Speed, на кој ќе имаме прилика, како и секоја година, по прв пат да видиме во живо неколку нови модели, цел арсенал на тркачки машини, како автомобили, така и мотоцикли.

Како што е веќе од порано најавено – Toyota премиерно ќе ја претстави сериската верзија на новата Suprа.

Секако, покрај ова, како задоволство следува и познатиот Goodwood Hillclimb, каде најбрзите машини ќе се обидат да постават што побрзо време на кратката, но тешка делница, која секоја година изненадува по некој возач.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.