2014bmwm6coupe-2

„M“ верзијата на BMW – гран купе, на серија 6 е “квази“ тајна на Баварците, бидејќи покрај „наводните“ маскирања и забрани, за неа речиси се се знае. Но и на „макскарадата“ и дојде крај, па компанијата од Минхен конечно го претстави „ M6 гран купе“ (Gran Coupe), моделска 2014 година, што на пазарот ќе се појави идното лето.

Исто како и верзиите на „M5“ и „M6“ купе и кабри, со кои ја дели платформата, и „M6 гран купе“ (Gran Coupe) доаѓа со препознатливи решенија.
Под хаубата е 4,4-литарски V8 мотор, со 560 KС, што преку седум степен менувач, со двојна спојка, ја трансферира силата на задните тркала.
2014bmwm6coupe-1
„M6 гран купе (Gran Coupe) има единствен диференцијал со ограничено пролизнување – „актив М диференцијал“, програмиран да го оптимизира пролизнувањето, стабилноста и спортскиот карактер на возилото, со сила што постојано варира од 0 дo 100 %.

Покрај податоците за контрола на системот на стабилноста „ Aктив M диференцијал“ води сметка за позицијата на педалот за гас и брзината на ротација на тркалата, па сите ситуации во возењето се под детална „лупа“.

Моторот, во однос на „стариот“ V10, од „M“ дивизијата на Баварците, е посилен за речиси 10 %, и има за 30 % помоќен вртежен момент. Во него се имплементирани две турбини и систем на директно вбризгување на горивото.

2014bmwm6coupe-4
За подобрите перформанси и управливост помага и алуминиумското потпирање, засилената шасија, електронска контрола на амортизерите и електронските програми на системот за запирање, како и стабилноста и трансмисијата.
BMW M6 Gran Coupe до 100 км/ч стасува за 4,2 секуни и има електронски лимитирана брзина на 250 км/ч.

Одвнатре кокпиотот е со препознатлив „M“ изглед, комбинација на спортски стил и луксуз. Кожата и деталите од алкантара се стандардни, како и елементите од карбон – фибер. Следи M спортски управувач, M инструмент табла и „иДрајв“ (iDrive) контролниот систем со 10,2 инчен екран.

2014bmwm6coupe-6
Посебно треба да се пофалат М спортските седишта, што на возачот и совозачот им нудат врвен комфор, што е голем бонитет, особено кога се вози на подолги релации.
За цените но овој модел Баварците се уште не се изјасниле.

2014bmwm6coupe-7

2014bmwm6coupe-8

2014bmwm6coupe-10

 

 

 

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Leave A Reply