Фановите на Mad Max серијалот од балканските простори се импресионирани со појавата на ова ремек дело

На социјалните мрежи пред неколку дена се појавија слики на едно специфично „Фиќо“, кое како да е правено за Mad Max филмскиот серијал. По кратко истражување стапивме во контакт со неговиот автор Никола Вудраг од Хрватска, кој љубезно ни објасни за каков автомобил станува збор.

Никола Вудраг е уметник роден во Вараждин, кој како сам ни раскажа, од мали нозе е заинтересиран за обработка на метал, а бидејќи е голем „фан“ на Mad Max логичен след на околностите беше да создаде уникатно „Фиќо“, кое како да излегло токму од оваа позната филмска франшиза.

Трансформацијата на ова „Фиќо“ во вистинска Mad Max пост апокалиптична ѕверка е обемна и темелна. Тркалата му се свртени од внатре кон надвор, за возилото да изгледа пошироко и поагресивно.

На задниот дел е додадена NOS канистер, токму како што има и Макс на својот легендарен Interceptor. На предната хауба е сместен смукач на воздух, без обѕир што југословенското мини има мотор на задниот дел, бидејќи тука се е во функција на естетиката.

За севкупниот концептуален touch заварени се бројни сајли и шипки по целото возило, а малиот гуштер е додаден како асоцијација со сцената од Furry Road, каде Макс јаде токму вакво животинче.

За крај ќе кажеме дека ова ремек дело, за жал, не е предвидено за возење, туку како уникатно сепаре, каде посетителите на угостителскиот објект пред кој е паркирано, ќе можат да седнат и да уживаат во својот пијалок.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.