Manhart ја „набилда“ силата на Urus на дури 812 кс и 850 Нм

Иако германската тјунерска куќа Manhart е специјализирана за тјунирање на BMW, Audi и Mercedes модели, овој пат се одлучија да зачекорат на „непознат“ терен, па зграпчија еден Lamborghini Urus.

Доколку се запрашавте зошто наводници на зборот непознат, тие се тука бидејќи Urus и Audi Q8 возат на иста платформа.

Да се потсетиме, првиот SUV на Lamborghini под хаубата крие 4.0-литарски twin-turbo V8 мотор со сила од 650 кс и 850 Nm, што го прави еден од најмоќните модели од оваа класа на светот.

Но, доколку ја прашате екипата на Manhart, ова не е доволно.

Тие силата на Urus ја зголемиле на жестоки 812 кс со 980 Нм вртежен момент.

Моторот е оптимизиран, вградени се унапредени турбо полначи, како и нов спортски издувен систем.

Доработен е и 8-степен автоматски менувач и некои други елементи на пропратните системи.

На ваков тип на возило визуелните додатоци се императив.

Новиот карбонски сплитер, новите прагови и масивниот дифузер јасно даваат на знаење дека тука не се работи за обичен Urus, а агресивната целина ја заокружуваат 21-инчните Y-Spoke бандажи во пар со Pirelli P-Zero пневматици.

Службените податоци за перформансите не се достапни.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.