Само два збора – 713 кс, 971 Нм и се е кажано

Во германската тјунинг компанија Manhart, ширум светот позната по своите исклучителни креации на тема BMW, се позанимаваа и со еден модел на Porsche.

Како основа за ова тјунинг унапредување Manhart искористи едно Porsche 911 Turbo S серија 991.2, а со ознаката TR700 на сопствениците на овој болид јасно им се дава на знаење дека можат да сметаат на дури 713 кс и 971 Нм вртежен момент, кој на двете осовини ги испорачува 3.8-литарски 6-цилиндричен битурбо боксер мотор.

Колку за споредба, моторот во најсилното друмско фабричко издание на Porsche 911 до сега (991.2 GT2 RS) развива 700 кс и 750 Нм вртежен момент, што е доволно за забрзување од 0 до 100км/ч за 2,8 секунди и максимална брзина од 340 км/ч.

Manhart Porsche 911 Turbo S е за 30 милиметри понизок од стандардниот 911 Turbo, а со засилените Formula IV фелни „позајмени“ од тјунинг компанијата TechArt, задниот спојлер потпишан од Moshammer и неодоливата црно-златна каросериска комбинација, која асоцира на Ф1 боите на Lotus од златното време на соработката со компанијата John Player Special, супербрзиот Manhart TR700 е во клубот на тркачки суперавтомобили, но и сепак може да се регистрира и вози и на „цивилните“ патишта.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.