Ова на своја кожа го почувствува еден 19-годишник, кој само за неколку секунди успеа да го искрши овој скапоцен суперспортист

Младиот неискусен возач посакувал да го испроба возилото на својата сестра и тоа со исклучен систем на електронска стабилност, по што ја загубил контролата и се забил во паркиран Audi R8:

Проблемот да биде уште поголем, се дознало дека младичот уште нема возачка дозвола, по несреќата избегал од местото, а неговата сестра, која набргу се појавила, се обидела вината да ја преземе на себе.

Да се потсетиме, McLaren 720S за погон користи 4.0 twin-turbo V8, поставен зад седиштето, кој силата ја праќа на задните тркала.

Агрегатот испорачува 720кс и 770Nm максимален вртежен момент, благодарение на што возилото од место до брзина од 100км/ч пристигнува за помалку од 3 секунди.

Пет секунди подоцна, стрелката е веќе на 200км/ч, додека максималната брзина изнесува 341км/ч.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.