Јубиларна комбинација на спортски дух и британски шарм со безобразно висока цена

Во чест на одбележувањето на 60 години од претставувањето на својот прв автомобил, британскиот Mini претстави посебно издание на Cooper S во верзии со 3 и 5 врати и со четири моторни опции.

Славеничкиот Cooper S 60 Years Edition ќе биде произведен во 500 примероци, со кои овој бренд се обидува да обезбеди колекционерски ексклузивитет и да ја оправда превисоката цена.

Ова Mini е обоено во традиционална british racing зелена боја, а помеѓу многуте стандардни детали се истакнуваат алуминиумските фелни и old school дополнителните светла, кои за жал ќе бидат достапни само во верзијата за британски пазар.

Cooper S 60 Years Editon во понудата ќе има по два бензински и два дизелски агрегати со распон на сила од 136 до 192 кс, со просечна потрошувачка од 3,9 до 6,6 л/100км, по фабрички податоци, секако.

Посебното издание на Cooper S има и посебна цена – Mini побарува дури 40% повеќе пари од стандардниот Cooper S.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.