Dacia Sandero доби опасен конкурент и тоа од сопствената куќа

Веќе неколку години Dacia Sandero ужива углед на најевтиниот европски автомобил, кој во базна верзија чини помалку од 7.000 евра (во Германија Sandero 75 Access чини 6.990 евра).

„Дисконтниот“ Mitsubishi Space Star е придвижуван од 1.0-литарски 3-цилиндричен бензинец, кој развива 71кс и исполнува Euro 6 норма.

Сега романскиот автомобил доби опасен конкурент и тоа од сопствената куќа. За оние кои не знаат – Dacia и Mitsubishi припаѓаат на иста Renault-Nissan-Mitsubishi алијанса. Имено, Mitsubishi Space Star чини 6.995 евра, во ЕУ нормално.

На автомобилот долг 3,8 метри ова му овозможува постигнување на максимална брзина од 171 км/ч, со просечна потрошувачка од 4,6 литри гориво на 100 километри изминат пат.

Без обѕир на ниската цена, строгите безбедносни стандарди за ЕУ земјите наметнаа сериско вградување на низа вообичаени безбедносни елементи, како што се ABS, ESP, шест воздушни перници, безбедносни појаси со затегнувачи и лимитери и друго.

Од друга страна максимално се штедело на „споредни“ работи, па базниот Space Star нема клима уред и радио.

Сепак, на листата на сериска опрема се наоѓаат и електрични подигнувачи на предните стакла и електрично подесување на надворешните ретровизори, преклопива задна клупа и подготовка за радио со два звучника.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.