Уживајте во мега галеријата на овој импресивен и ултра ексклузивен настан

Дефинитивно се чини дека автомобилскиот фестивал во американскиот Монтереј и познатата автомобилска изложба Pebble Beach станаа најдобра светска сцена за претставување на новите модели на угледните автомобилски произведувачи.

Така, годинава тука се прикажани за прв пат Bugatti Divo, Audi PB 18 E-Tron, Lamborghini Aventador SVJ, BMW Z4, Ferrari 488 Pista Spider, Volvo Polestar, Venom F5, SSC Tuatarа и други. Исто така, Ruff, Pagani, Koenigsegg и други егзотични произведувачи и тјунери дојдоа со најјаките изданија на своите модели.

При ова, се славеа и големи јубилеи – Porsche ја искористи оваа свечена прилика да прослави 70 години од своето постоење.

Мораме да прецизираме дека угледниот американски автомобилски фестивал се трансформира во најексклузивна светска изложба на автомобили на отворено, каде сите што се врзани за кремот на авто индустријата неизоставно мораат да бидат таму, без разлика дали се работи за купувачи или продавачи на вредни олдтајмери, егзотики или пак изложувачи на нови ексклузивни модели.

Уживајте во мега галеријата на овој импресивен и ултра ексклузивен настан:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.