Одличен видео прилог во кој може реално да се осети жестоко забрзување со 802кс и брзина од преку 300км/ч

r8-autobahn-750x350

За Audi R8 Coupe, болидот кој во Њујорк се закити со наградата Најдобар светски performance автомобил, можеме да кажеме дека е еден од најдобрите модели од Инголштат на сите времиња.

Германскиот супер спортист има болоњско V10 срце, со перманентен quattro погон и развива 610кс, а до стотка пристигнува за 3,2 секунди.

На кого овие параметри не му се доволни, постојат разни специјални едиции, како и верзии на тјунинг куќи. Денешниот примерок ни доаѓа од МТМ тјунерската куќа, кој развива дури 802 коњски сили.

Благодарение на AutoTopNL екипата во можност сме да ја доживееме силата и забрзувањето на овој болид и тоа од прво лице:

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.