Модел опишан како „GT-R без лимит“

Половина век помина од кога Nissan на „слобода“ ја пушти својата прва суперспортска ѕверка – Skyline GT-R.

Тој голем јубилеј сега се прославува со новиот GT-R50, настанат во режија на реномираниот Italdesign, модел опишан како „GT-R без лимит“.

Дали новиот концепт ќе се допадне на некого или не можеби и не е толку битно, колку што е важно што овој GT-R, иако со футуристичко издание, ги задржа своите гени.

Затоа можеме да констатираме дека стилската вежба е дефинитивно успешна.

Во однос на основниот стандарден модел, кај концептот на Italdesign линија на кровот е пониска за околу 54 милиметри, додека се останато е задржано, нормално во нова интерпретација.

Добар пример за наведеното се легендарните задни светлосни единици кои се и понатаму тука, но во режија достојна за Gran Turismо.

За ова специјално издание Nissan го засили 3.8-литарскиот V6 на 720кс и 780Нм, а навалувањето и сопирачкиот систем се исто така унапредени.

За прв пат во живо јавноста ќе може да го види Nissan GT-R50 by Italdesign Concept веќе следниот месец, но за жал, не очекувајте да го видите во продажба.

Сепак, нема сомнежи дека се работи за импресивен прототип од кој е можно, судејќи по интересот на широките маси, да се роди нешто сензационално.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.