„2 FAST 4 YOU?!“

На Wörthersee, Oettinger го претстави TCR Germany Street, друмска врвна верзија изработена врз основата на натпреварувачкиот VW Golf GTI, наменета за користење во секојдневен сообраќај.

Oettinger TCR Germany Street под хаубата крие 2.0 TSI мотор, навиен на 360кс и 470 Nm, додека Golf GTI TCR, изработен од VW, има „само“ 290кс.

Од место до брзина од 100км/ч TCR Germany Street пристигнува за 5 секунди, најголемата брзина му е 274км/ч, а Oettinger нуди и дополнителен кит со сила од над 450кс.

Од месец јуни Oettinger TCR Germany Street ќе биде во продажба како комплетен автомобил, а ќе бидат достапни и китови за зголемување на силата, кои ќе можат да се вградуваат во моделите Golf GTI и Golf R, моделски години 2013-2018.

Цените уште не се познати.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.