Францускиот лав планира да ја прошири понудата на моделот 508 со снажна plug-in хибридна верзија

Во складот со трендовите, Peugeot планира да ја прошири понудата на моделот 508 со снажна plug-in хибридна верзија, која на пазарот би требало да се појави во текот на следната година, наведува британскиот Autocar, прецизирајќи дека погонскиот склоп на ова возило ќе развива сила од околу 300кс.

Имено, се работи за plug-in хибриден погонски склоп со 1.6-литарски турбо бензински 4-цилиндричен мотор како основа, во пар со 8-степен автоматски менувач, задолжени за придвижување на предните тркала и одзади сместен електричен мотор, задолжен за задните тркала.

Бензинецот би требало да развива сила од 200кс, додека електромотор ќе помогне со дополнителни 100кс.

Вториот би добивал енергија од литиум-јонски батерии сместени во подницата на багажникот, а нивниот капацитет би требало да биде доволен за околу 50 километри исклучиво електрична автономија.

Опишаната хибридна варијанта веројатно ќе биде достапна и во лимузинска и во караванска верзија на моделот 508, а вградувањето на погонскиот склоп не би требало да влијае врз просторноста на кабината и багажникот.

Погонскиот склоп би требало да се прошири и на останатите модели од PSA Групацијата, кои ја користат EMP2 платформата.

На крајот ќе додадеме дека Peugeot би требало наскоро да ја претстави новата верзија на моделот 508 придвижувана од 1.6 THP агрегатот позајмена од 308 GTi, со сила од 272кс. Новата спортски подготвена верзија би можела да биде претставена веќе есенва на Автосалонот во Париз.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.