Peugeot е вистински херој на Дакар, а третиот последователен успех на најтешкото рели во светот го одразува комерцијалниот успех на Peugeot 3008, кој беше прогласен за „Автомобил на годината“ во 2017 година

26804577_1767637323266769_2357721469725626921_n

По 8793 километри на дини, планински премини, карпести патеки и многу опасности преку Перу, Боливија и Аргентина, екипажот Carlos Sainz/Lucas Cruz му овозможија на Peugeot 3008DKR Maxi прекрасна победа на 40-тото Дакар рели.

Победата на Sainz значи и трета последователна победа за Peugeot тимот. За жал, францускиот тим веќе објави дека ова ќе биде последен настап на Dakar.

26804628_1767640353266466_4817351152264908476_n

„Peugeot веќе има две победи, но мислам дека ја заслуживме и оваа, бидејќи вложивме многу напор во автомобилот“ – изјави Sainz, и додаде:

„Имавме добри и лоши моменти, но секогаш го давав максимумот. Особено во ова рели, беше навистина тешко. На почетокот сакав да бидеме повнимателни, но Peugeot рече дека мораме да одиме со полн гас. На почетокот буткавме силно, а потоа само требаше да не правиме грешки.“

26814682_1767632643267237_528946082143451185_n

Ова издание на Дакар се покажа како особено тешко од механичка страна. По овој тежок тест за издржливост од скоро 9.000 километри, не само што Peugeot 3008DKR Maxi освои седум од 13 етапи, туку покажа и извонредна сигурност и доверливост.

Овогодинешната победа на Тимот PEUGEOT Total го заврши веќе впечатливиот успех на Peugeot на релито Дакар и е нивна седма победа од осум обиди!

26903794_1767636806600154_7832791239237601424_n

Еве еден брз потсетник за сè што Peugeot постигна на Дакар:

1987: Победа за Vatanen / Girouk (205 Т16 Grand Raid)
1988: Победа за Kankkunen / Piironen (205 T16 Grand Raid)
1989: 1-2 за Vatanen/Berglund и Ickx/Tarin (405 Т16 Grand Raid)
1990: 1-2-3 за Vatanen / Berglund, Valdegard / Fenouil (двата 405 Т16 Grand Raid), Ambrosino/Baumgartner (205 Т16 Grand Raid)
2016: Победа за Peterhansel/Cottret (2008DKR)
2017: 1-2-3 за Peterhansel/Cottret, Loeb/Elena и Despres/Castera (3008 DKR)
2018: Победа за Sainz/Cruz (3008DKR Maxi).

Овој трет последователен успех на тимот на PEUGEOT Total на најтешкото рели во светот го одразува комерцијалниот успех на Peugeot 3008 SUV, кој беше прогласен за “Автомобил на годината” во 2017 година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.