Фантастична комбинација на ретро изглед и погон на иднината на типичен „пежоовски“ начин

Како што веќе најавивме, на Автосалонот во Париз Францускиот лав ќе прикаже многу интересен концепт под името e-Legend, кој комбинира две крајности – ретро дизајн, кој црпи инспирација од богатото минато на марката и електричен и автономен погон на иднината.

Поконкретно, како предлошка за концептниот e-Legend послужил митскиот Peugeot 504 Coupe од 1970 година, дело на Pininfarinа, додека за погон е задолжен електромотор од 340kW и 800Нм вртежен момент, додека батеријата располага со капацитет од 100kWh.

Со ваков погон ова „504 Coupe на иднината“ до брзина од 100км/ч би можел да пристигнува за нешто под 4 секунди и да вози до максималните 220км/ч, сето тоа со автономија од 600 километри со едно полнење на батеријата. При ова, за 500 километри пат би биле доволни само 25 минути на брз полнач.

Концептот е замислен како потполно автономно возило, но постојат и модови за возење – Legend, каде возачот презема контрола и Boost, за повеќе потисок и уживање во спортски перформанси.

Покрај наведеното, францускиот произведувач се здружил со SoundHound за технологијата на персонален асистент за звук и со Focal за аудио систем во кабината, кој се прилагодува на модовите за возење.

Шефот на Peugeot, Jean-Philippe Imparato, е презадоволен со новиот концепт и неговата фокусираност на возачката иднина, а за ретро дизајнот е заслужен Gilles Vidal, шефот на дизајнерскиот сектор на Peugeot.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.