Францускиот произведувач направи голем чекор понатаму во правецот на електрификација на своите модели

Понудата на погонските системи на три модели на Францускиот лав засилена со нови еколошки варијанти.

Извонредниот Peugeot 3008 со plug-in погон е опремен со најбогатиот GT пакет и носи ознака HYBRID4, со обѕир на тоа дека овој 3008, за разлика од оние со конвенционални мотори, има и погон на сите четири тркала.

Овој вид на погон овозможен е благодарение на електричните компоненти во рамките на хибридниот систем.

Имено, Peugeot 3008 HYBRID4 освен 1.6-литарскиот PureTech бензинец со 200кс има и два електромотори, секој од по 110кс. Едниот електромотор ја движи предната, а другиот задната осовина.

Peugeot соопшти дека вкупната комбинирана сила на хибридниот систем на овој модел е 300кс, а возилото забрзува од место до брзина од 100км/ч за 6,5 секунди.

Пакетот на батерии со капацитет од 13,2 kWh обезбедува автономија на електрична енергија од околу 60 километри, мерено според новиот WLTP тест циклус.

Освен HYBRID4 погонскиот систем, на купувачите на располагање им е и „обичен“ HYBRID, без погон на сите четири тркала. Системот е достапен во сите три модели – 3008, 508 и 508 SW.

Вкупната комбинирана сила изнесува 225кс (WLTP), односно се состои од бензинец со 180кс и еден електромотор од 110кс.

HYBRID верзијата со предниот погон е опремена со нешто помала батерија од 11,8 kW, а радиусот на движење изнесува околу 50 километри, доколку се користи само електромоторот.

Светската премиера на наведените хибридни верзии ќе се одржи на претстојниот Автосалон во Париз, а на европскиот пазар ги очекуваме на пролет следната година.

Повеќе вести од денес тука.

Comments

comments

Сподели.


За Авторот

Коментарите се затворени.